Согласно Насоките за спроведување активности за подобрување на менталното здравје и добросостојбата кај учениците и кадарот во училиштата и ученичките домови добиени од МОН, на 25.05.2023г, четврток, стручната служба од училиштето одржа работна средба и разговор со наставниот кадар, на тема „Психосоцијална поддршка на менталното здравје и добросостојба на децата и возрасните во ситуација на криза“. Целта на оваа средба беше да се усогласи пристапот и пораките кои ќе се пренесуваат при разговори со ученици, се идентификуваа можностите за дополнителна помош и поддршка на учениците и вработените во училиштето. Исто така беа дадени насоки за организирање разговори на класен час со кои што јасно ќе се посочат можностите за психосоцијална помош и поддршка достапни во училиштето.
Напишете коментар