Манифестација која е пропознатлива,но пред се и кај децата,кои нестрпливо чекаат да направат нешто свое,уникатно и да се претстават пред своите најблиски е Велигденскиот Хепенинг кој ги злижува генерациите со семејствата,заедно со наставниците и прави значаен мост во воспитно-образовниот процес.Традициоанлно се одржува секоја година во О.О.У “ Партенија Зографски ” – Кисела Вода,оваа година се одржа во училишниот двор на 04.04.2018 на истиот учество земаа сите ученици од I-IX одделение.
За реализација на Велигденскиот базар како една од омилените активности на учениците претходно се одвиваа креативни работилници на кои учениците изработуваа најразлични предмети,честитки,цртежи. Истите беа изложени и продавани по симболична цена.
Целта на реализација и поддршка на вакви манифаестации е вклучување на родителите во активностите на воспитно-образовниот процес како и продлабочување и негување на соработката со училитето како институција и наставниците.
Напишете коментар