Ученици кои го претставува нашето училиште ООУ ,,Партенија Зографски”-Кисела Вода, на овој настан беа: Теона Радинска 9б, Христијан Јевтиќ 9б, Ивона Јовевска 9б и Мила Велковска 9б. Беа придружувани од предметниот наставник по Граѓанско образование Сретен Рогов.
Учениците, за соодветно да ги исполнат задачите, а и одлично да се претстават покрај себеси и училиштето (според редоследот на настани кои беа во време траење од 6 часа, поделено во три работилници), се спремаа и подготвија материјали со кои ги истакнаа своите погледи и ставови.
Одлично се претставија, и на поставувањата на прашања до пратениците (прашање постави ученичката Теона Радинска), и на презентацијата на паното-Порака до пратеник (Презентацијата ја образложија учениците Христијан Јевтиќ и Ивона Јовевска), како и во работилницата каде што учениците беа во улога на пратеници во парламенет, говор одржа ученичката Мила Велковска.
На крајот учениците добија сертификати: за учество на работилница за ученици од основните училишта ДЕТСКИ ПАРЛАМНЕТ.
Напишете коментар