е-пошта:

Телефон: 02 2770 719

О.O.У. Партенија Зографски

За нашето училиште

Општинското основно училиште „Партенија Зографски“ е централно скопско основно училиште, лоцирано во преубавата скопска општина „Кисела Вода„ Неговата образовно – воспитна дејност, гледано историски, се менувала во зависност од промените во општеството, приспособувајќи се кон денешните современи текови и побарувања. Преку динамично опстојување, останала неговата основна дејност, да им служи на човековите потреби, за постојано, секојдневно учење, што е од првостепено значење за битието на личноста. Преку процесот на постојана едукација, од најмала предучилишна и училишна возраст, ги остваруваме целите за почитување на основните човекови права и слободи.

Во училиштето, учениците стекнуваат и усвојуваат знаења и вештини, неопходно потребни во секојдневното живеење. Се развива свеста за припадност, негување на националниот и културен идентитет, грижата за сопственото здравје, природната околина, училишниот имот, преку овие елементи ја задоволуваме образовната компонента на работењето со учениците во училиштето.

Воспитната компонента, делување, се реализира преку стекнување работни искуства и формирање сопствени ставови, развивајќи критички однос кон работењето и учењето.

Имаме постојана активна соработка со соодветните служби од Министерството за образование и наука на Р. Македонија.

Воспитнo-образовниот процес, го реализираат 32 наставници од 1 до 9 одд.Наставата се изведува во 21 училница, и пространа училишна спортска сала.

Во училиштето има 16 училници и 5 кабинети. Наставниците имаат на располагање најсовремена наставничка канцеларија.

Пространиот училишен двор, е современо хортикултурно уреден, со многу зеленило, најразновидни дрвја, уредени патеки со странично поставени 15 клупи за починка. Во предниот дел пред училишната зграда, имаме оформено поголема уредена површина од бехатон и зелени површини, каде се сместени училишната фонтана и спомен обележјето на патронот Партенија Зографски. Централно место завземаат и високите столбови на кој се веат 6 знамиња. Во училишниот двор е инсталирано и дворно осветлување за вечерните часови.

Организациски, имаме воспоставено надворешна и внатрешна структура во работењето. Надворешната се карактеризира преку запознавањето на институционалната рамка на училиштето како образовна институција, Веруваме во вредностите на одговорните структури од оваа област како на стручните соработници секако и раководниот орган во училиштето.

Внатрешната структура се карактеризира преку успешна реализација на наставните планови и програми за работа, создавање и негување на добра училишна клима и однос кон професијата.

Сите овие показатели, поврзани со новите вредности за успешно работење преку професионално менаџирање, грижата за јавното мислење и медиумското рекламирање, го создаваат ИМИЏОТ како посебна новосоздадена вредност во работењето со и во училиштата.

Посебно поглавје во секојдневното работење во училиштето, претставува ангажманот на локалната самоуправа, улогата на градоначалникот на нашата општина „Кисела Вода„ ресорниот Сектор за Образование, предучилишно воспитување култура и спорт,, соработката со родителите преку повеќе форми на нивно ангажирање и делување.

Големиот интерес, за развојните процеси на локално ниво во сегментот образование, учење, воспитување, спорт и спортско рекреативни активности од страна на градоначалникот на општина
„Кисела Вода„ придонесуваат за приоритетна поставеност во секој дел од работењето на општината во сегментот образование во сите основни училишта на територијата на општина „Кисела Вода„- Скопје.

Вработените во основното училиште „Партенија Зографски„ имаат јасна цел пред себе, ги знаеме нашите реални слабости, секојдневно се соочуваме со истите, преку остварување на утврдените приоритети, верувам ќе ги реализираме поставените цели.

Истовремено, веруваме во нашите професионални квалитети и можности, ќе го соединиме искуството и младоста, знаеме да работиме тимски, ќе бидеме училиште за пример, современо училиште, модерно училиште, други да кажат дека постигнуваме најдобри резултати, во нашата општина, во градот Скопје, во нашата држава Република Македонија.

Посебно поглавје во секојдневното работење во училиштето, претставува ангажманот на локалната самоуправа, улогата на градоначалникот на нашата општина „Кисела Вода„ ресорниот Сектор за Образование, предучилишно воспитување култура и спорт,, соработката со родителите преку повеќе форми на нивно ангажирање и делување.