Како и секоја учебна година, така и оваа 2022/2023г. во нашето училиште „Партенија Зографски“ –Скопје се одбележа детската недела со низа активности посветени на децата и нивните права, кои произлегуваат од Конвенцијата за правото на детето при ООН.
Сите паралелки од одделенска настава реализираа активности односно се одржаа работилници на кои беа изработени разни материјали за правата не детето, во согласност со мотото „Другарството е дел од среќата“. Воедно беше одбележан Светскиот ден на детето на 3-ти октомври. Првачињата се запознаа со правата и должностите на детето предвидени во законските регулативи имплементирани кај нас. Беше организирана заедничка работилница на сите првачиња каде децата ги нацртаа своите детски желби посветени на другарството.Исто така поминаа весели моменти исполнети со другарување и преку разни подвижни, натпреварувачки и спортски детски игри со своите поголеми другарчиња од другите паралелки, во дворот на училиштето. Сето ова беше организирано со цел да се поттикне дружењето кај најмалите, да се наметне стекнување на здрави навики за спортување, рекреација, а пред се да се влијае на создавање подобра, попријатна и потолерантна средина помеѓу децата
Како круна на сите активности во текот на целата седмица, беше и свечената приредба по повод прием на првачињата во „Детската организација“ и положување на свечена заклетва, која се одржа на 7 октомври 2022г. организирана од другарчињата од повисоките одделенија во нивна чест .Директорот на нашето училиште на сите првачиња им посака топло добредојде во Детската организација и истакна дека децата се нашето богатство, нашата иднина и треба да веруваме во нив!
ДРАГИ ПРВАЧИЊА ЧЕСТИТ ДА Е ДЕНОТ КОГА СТАНАВТЕ ДЕЛ ОД ДЕТСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА!
Дата: Кoординатор :
14.10.2022г Весна Т.Унковска
Скопје
Напишете коментар