По повод Денот на гладта, 16 октомври и Недела на борба против гладта (16-22 октомври), под мотото „ПОМИСЛЕТЕ И НА НАС” -Црвен крст, Кисела Вода во соработка со ООУ “Партенија Зографски” – спроведе хуманитарна акција
Целта е да се поддигне свеста за потреба од помош на социјално загрозените семејства. Сето ова е причина повеќе, барем повремено да помислиме и да направиме нешто за оние на кои им треба подадена рака за будење на надеж дека не се сами, дека некој мисли на нив. Барем за миг да ја вратиме насмевката на нивните тажни лица.
И оваа година нашето училиште масовно и несебично се вклучи во акцијата и со тоа даде директна поддршка на Црвениот Крст на РСМ.
Активностите беа насочени кон прибирање на доброволни прилози – прехрамбени производи за подготовка на хуманитарни пакети за социјално најзагрозените семејства.
Оваа акција се надополни со донирањее на пакети со храна и хигиенски средства за пет семејства на ученици кои се школуваат во нашето училиште.
Одговорни наставници – Ребека Андреева
Милица Миноска
Анета Петковска
Напишете коментар