е-пошта:

Телефон: 02 2770 719

О.O.У. Партенија Зографски

Информација за упис на првачиња за учебната 2024/25 годин

Почитувани родители,

Согласно член 60 од Законот за основно образование ( Сл.Весник на РСМ бр.161од 05.08.2019 год.), Ве известуваме дека уписот на првачињата за учебната 2024/2025 година ќе се одвива во текот на месец мај секој работен ден од 9.00 до 13.30 час.

Во прво одделение родителот/старателот е должен да го запише детето кое ќе наполни 6 години до крајот на календарската 2024 година-деца родени 2018 година, односно детето кое ќе наполни 6 години до 31.01.2025 година, по доставено барање од родителот и по добиено мислење од стручната служба.

Потребни документи за упис:

  • Извод од матична книга на родените-копија
  • Потврда за примени задолжителни вакцини издадена од надлежна здравствена установа
  • Потврда за стоматолошки преглед издадена од јавна здравствена установа
  • Потврда за офталмолошки преглед издадена од јавна здравствена установа
  • За децата со попречености, функционалната процена од стручната комисија за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здравствена подршка според МКФ
  • Доказ за старателство (по потреба)

 

Пријавувањето на децата за упис е :

-во училиште со доставување на потребните документи

Физичко присуство е задолжитено за спроведување на интервју за детето, кое се закажува  на следниот телефон : 075 303 833 – педагог

Доколку при запишување на детето во прво одделение родителот не достави  потврда за извршен офталмолошки преглед, потребно е да приложи упат за вршење на офталмолошки преглед, а потврдата може да ја донесе веднаш по добивање на истата, но не подоцна пред започнување на учебната 2024/2025 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *