Здружението за значење на еколошкото образование во осовремунување на образовниот процес ЗЕОООП, Скопје, врз основа на долгогодишна соработка со Општина Кисела Вода, како и могубројни успешно реализирани активности од областа на Климатските промени во локалните училиштата, заедничката соработка ја продолжуваат и во иднина.
За таа цел на ден 18.11.2022 година Александра Петровкса претседател на НВО ЗЕОООО, потпиша меморандум за соработка со директорот на ООУ ” Партенија Зографски “, г-дин Мартин Мартиновски.
Заедничката цел е да се подигне јавната свест за Климатските промени, да се организираат едукативни работилници за наставниците, учениците но и родителите кои со своите капацитети ќе придонесуваат во справувањето и вијанието на климатските промени.
Напишете коментар