е-пошта:

Телефон: 02 2770 719

О.O.У. Партенија Зографски

Меѓуетничка во образованието – дел од нашата приказна

од заедничките средби и работилници  на ООУ„Партенија Зографски“ – Кисела Вода, Скопје со партнер училиштето „Фаик Коницаод с.Дебреше, Гостивар

Соработката меѓу партнер училиштето ООУ “Фаик Коница”и нашето училиште се  остварува веќе повеќе години наназад. Училиштето се наоѓа во с. Дебреше, Гостивар, но физичката оддалеченост за двете училишта претставува само уште поголем предизвик за продлабочување на соработката базирана на градење вистински вредности и меѓучовечки односи.

Во текот на оваа соработка училиштата имаат остварено повеќе заеднички средби и посети…

  • Која е целта…

Целта на заедничките средби и  активности е учениците да се запознаатмеѓу себе, да остваруваат непречена комуникација и заедничкаинтеракција според кои доаѓаат до заеднички заклучоци за пријателството, кое ќе биде одржливо на долгорочен план:  Пријателството кое се заснова на вистински вредности со заеднички изградени искрени односи – останува и трае засекогаш!!!

  • Кои се нашите очекувања за ефектите што ќе се постигнат…

Очекувањата се дека меѓусебно ќе се запознаат  ученици од две училишта кои што зборуваат на различни јазици-македонски и албански, ќе соработуваат и разменуваат идеи…

За време на средбите ќе обработуваат наставни единици коисе поврзана со значењето на стекнување на пријатели и што значи и што е потребно за вистинско и одржливо пријателство. Сметаме дека ова искуство на овие ученици ќе им служи како потик и за понатамошно дружење и стекнување на нови пријателства.

Учениците ке научат дека вистинските пријатели се секаде околу нас.Затоа е потребно да ги рушат бариерите кои постојат во општеството,да ги надминат предрасудите,да се дружат повеќе и со пријатели од друга национална и верска припадност,и на тој начин да создаваме едно здраво и силно општество за сите.

  … од нашите заеднички онлајн средби во изминатата 2020 година….

На ден 21.12.2020 ученици од ООУ „Партенија Зографски“  заедно со  своите соученици ОУ „Фаик Коница“,  остварија две заеднички онлајн активности/работилници во рамките на проектот Меѓуетничка интеграција во образованието, со вклучени 20 ученици и 5 наставници од двете училишта.

Во едната работилница беа вклучени ученици од 9то одд., подеднаков број на ученици по сите критериуми во однос на пол и националност и работеа на тема- Friendship brings us together – од предметот Англиски јазик. Учениците се претставија секој поединечно, се запознаа, споделија меѓусебно прашања и информации за себе. Потоа се разви дискусија за темата и добија инструкции заеднички да изработат презентација на истата.

Еден од учениците беше назначен за координатор и беше задолжен за изработка на     *дизајнот на презентацијата…

Учениците непречено комуницираа и разменуваа податоци…

Сите пребаруваа на интернет и собираа информации на темата, а потоа ги праќаа до координаторот и учествуваа во изборот и уредувањето на слајдовите со постојана меѓусебна комуникација.

Во втората работилница беа вклучени 8 ученици од 6то одд. и истите работеа на тема- Животна средина треба да се чува- по предметот Природни науки. Според заеднички договор учениците изработуваа презентација со слајдови според договор. За време на работилницата, учениците меѓусебно се договараа за работа, се надополнуваа, непречено комуницираа насочувани од страна на наставниците.

На крајот на работилниците беа изготвени и финиширани заедничките презентации и како готов производ прикачени во Microsoft Teams платформата да останат како сведок и потсетник на оваа на поинаков начин остварена, но многу пријатна дружба во оваа нова и тешка ситуација и реалност во која моментално се наоѓаме.

Дружбата помина во прекрасна атмосфера, на  задоволство на сите учесници и истите се поздравија и ја завршија онлајн средбата со позитивни импресии од заедничкото дружење и со желба за повторна средба.

Нашите училишта соработуваат од самиот почеток на Проектот за Меѓуетничка интеграција и иако двете училишта се физички оддалечени на поголема дистанца, сепакуспеавме да изградиме цврсти и искрени односи на меѓусебно разбирање и доверба. Истото се должи на фатот дека двете училишта ги препознаваат вистинските морални вредности и односи кои треба да се негуваат кај сите нас, а особено кај учениците како идни градители на општеството во кое живееме.

Изработил:

Тим за МИО

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *