Црвен Крст на Р.Северна Македонија- Општинска организација Кисела Вода и училиштето ООУ ”Партенија Зографски” со години одржуваат успешна и квалитетна соработка, поткрепена со бројни признанија и достигнувања. За таа цел, водејќи се од нашата хумана иницијатива, на ден 16.10.2020 година (петок) беше одржан работен состанок со секретарот на Црвениот Крст на РСМ Општинска Организација Кисела Вода г-дин Дејан Ѓорѓиевски, директорот на основното училиште „Партенија Зографски“ г-дин Мартин Мартиновски и наставниците координатори од училиштето кадешто на училиштето му беше доделено 2 (две) целосно опремени кутии за прва помош кои ќе им бидат неопходни за итни ситуации и незгоди. Кутиите се целосно опремени и можат да опфатат до 100 вработени/ученици.
На состанокот дополнително беше разгледан и планот на активности кои престојат до крајот на годината во рамки на училиштето и училишниот клуб.
Извонредната соработка продолжува и во иднина, со желби за уште поголеми достигнувања и хумани гестови!
Превземено од: https://www.facebook.com/1453313551614942/posts/2794010297545254/?mibextid=K8Wfd2
Напишете коментар