Прв пат Светскиот ден на планетата Земја е одбележан на 22 април во 1970 година во САД, а од 1992 година и во целиот свет. Денес го одбележуваат повеќе од 175 држави.
Целта на одбележувањето на ,,Денот на планетата Земја“ е да се подигне нивото на свесност кај најмладите за зачувувањето на животната средина. Да се укаже на загадувањето на воздухот и водата, како и исцрпувањето на природните ресурси. Учениците да се запознаат со препораките да се инвестира во ефикасни и обновливи извори на енергија со што ќе се намали загадувањето и ќе се забават климатските промени.
Наставниците со своите ученици на ден 22.04.2021 година го одбележаа Денот на планетата Земја со голем број на различни активности. Имаше едукативни предавања, дискусии, проектни активности и пароли.
Напишете коментар