Јазикот е најосновното средство за општење. Благодарение на јазикот и говорот луѓето, освен што споделуваат информации, пренесуваат разни преданија за идните генерации. Секој народ има свои обичаи, традиција, но најважно – мајчин јазик Благодарение на него преданијата се пренесуваат од колено на колено. Тој претставува нашиот идентитет. Темелите на нашата писменост ги поставиле Кирил и Методиј. А ние денес сме задоволни затоа што имаме свое писмо со кое можеме да ги опишеме убавините на нашата средина. Секој човек треба да се запознае со историјата на нашиот јазик и неговото значење за да твори на него. Бидејќи нема нешто поубаво од тоа да се пишува, твори и зборува на својот мајчин јазик. Македонскиот јазик денес е целосно оформен, литературен јазик. Но тоа не значи дека треба да прекинеме да пишуваме и да твориме, напротив, јазикот е непресушен извор, кој треба да се негува. Сите ние треба да ги продолжиме делата.
Членките на Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО) на 21.02 го одбележуваат Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, со цел промовирање на јазичната култура и разновидност, како и повеќејазичност.
Светскиот ден на мајчиниот јазик традиционално се одбележува секоја година во О.О.У “ Партенија Зографски ” –Кисела Вода преку кој учениците имаат можност да се претстават со своите лични творби но и најдобрите да бидат наградени. Целта на одбележување на вакви маниефстации е негување на мајчиниот јазик,пишаниот збор,збогатување на речникот и развивање на позитивен мисловен процес.
“Убавиот збор железни врати отвора – сентенца која ни го поттикнува мисловниот процес за позитивно мислење”
Добробитите од купувањето и читањето книги се мултидимензионални. Не случајно старите и традиционални мудреци зад себе оставиле максими кои се однесуваат на пишаниот збор. Убавиот збор железни врати отвора-сентенца која ни го поттикнува мисловниот процес за позитивно мислење, говорење и делување. Книгата е најдобриот учител-максима која ја истакнува големината на книгата и значението кое таа му го дава на секој човек. Зборовите, стиховите, деловите прочитани во една книга длабоко се врежуваат во умот на индивидуата и секако стануваат корисни при нејзините практични дејанија.
Напишете коментар