е-пошта:

Телефон: 02 2770 719

О.O.У. Партенија Зографски

Одбележување на Светскиот ден на книгата

 

Денешниот ден, 23 април, е прогласен за Светски ден на книгата, Традиционалано на овој ден се испраќаат пораки за важноста од читањето книги. Така многу значајни личности учествуваат со свои пораки, придонесувајќи за значењето на книгата.

Нашиот познат македонски режисер, Милчо Манчевски, во една такава прилика ќе напише: „ Книгите ми помогнаа да си ја повратам рамнотежата и да си го најдам местото во светот.Не е важна само информацијата што ја добиваме од книгите, иако информацијата што ја добиваме од колено на колено е она што ја прави цивилизацијаѕа – цивилизација, важно е чувството што книгата ќе ти го донесе во срцето. Чувството на припаѓање…“

Читањето книги ни помага да ги прошириме видиците, да се запознаеме со други култури и религии, места, карактери и други нешта.Не само што ќе стекнеме ниви знаења и подобро ќе го разбереме светот, преку читањето нештата ќе ги гледаме од малку поинаква перспектива и ќе научиме да се соживуваме со другите и да ги почитуваме различностите.

Книгите се чудесни нешта кои ќе не одведат на места за кои не сме знаеле дека постојат. Секоја нова страница може да биде искра што ќе се претвори во идеја.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *