Почитувани, еден од изворите на демократијата е и срцето на едно демократско општество, а тоа е Собранието (Парламентот).
Во тој дух, а и во делот на воннаставните активности по Граѓанско образование, учениците 9а и 9б од ООУ Партенија Зографски го посетија Собранието, денеска на 12.03.2024 година, вторник.
Учениците беа одлично примени од членовите на Парламентарниот институт, посебно од г-ѓа Соња Стаменковска, која преку своето прекрасно излагање ги воведе учениците во тајните на парламентаризмот и механизмите на функционирање на нашиот Парламент.
Одговорни наставници
Горан Трифуновски и Сретен Рогов
Напишете коментар