Во рамките на спроведување на тековните активности во период од 19.10.2022-20.10.2022 година се реализираа 9 ( девет) едукативни предавања на тема “Орална хигиена и здрава исхрана”.
Едукациите беа реализирана од страна на обучен врснички едукатор Магдалена Бојковска а опфатени беа сите 9 паралелки од прво до петто одделение.
Целта на работилницата беше подигнување на свеста кај учениците за важноста на добрите хигиенски практики,хигиенско однесување и како да ги применуваат истите.
За учениците од IVa и IVб одделение предавањето се реализираше на 19.10.2022 година со почеток од 11:00 часот,на истото присуствуваа сите ученици вкупно 53 .
Во текот на целото предавање преовладуваше голема интерактивност и љубопитност, каде што учениците беа охрабрувани да го искажат своето мислење преку поставени прашања и активно земаа учество. Впечатокот беше дека учениците имаат големо познавање на темата.
Извештајот го изготви :
Милица Миноска
Ребека Андреева
Напишете коментар