Во периодот 31.05.2019 год., петок, со почеток во 10.00 часот беше реализиран сплет на спортски игри во кој учество земаа родители, наставници и ученици.
Идејата е дел од проектот за соработка со родителите кои беа активни учесници на огромно задоволство на нивните деца.
Вклучени беа вкупно 40 ученици во придружба на нивните родители и 5 наставници- организатори и носители на идејата на проектот кој се одржува по трет пат во училиштето и со огромно одобрување од страна на родителите е со тенденција да премине во традиција.
Спортските игри се одржаа на претходно поставен полигон со соодветни реквизити и демонстрација на текот на истите од страна на учениците и наставниците во улога на родители. Учесниците беа групирани во 3 групи: 1-3одд., 4-6одд. и 7-8одд. За време на кратките паузи беа изведени неколку музички точки од страна на учениците од 4а, 4б и 9а одд., а учениците од паралелката 4а продефилираа со велосипеди, ролери и тротинети како идејни решенија за поминување на слободното време и одржување на спортскиот дух за правилен развој наместо постојана употреба на електронските уреди.
Учениците за време на игрите сами го дефинираа поимот соработка- заедно учествуваа во игрите, се бодреа меѓусебно и навиваа едни за други.
Целта на проектот беше постигната и кај учениците се подигна свеста за важноста на физичката активност како неопходен предуслов за правилен раст и развој кај децата.
Реализатори: Виолета Павловска – одделенски наставник
Валентина Неделкова- предметен наставник по биологија
Соња Н. Крковска- предметен наставник по англиски јазик
Лидија Ристовска – предметен наставник по англиски јазик
Мартин Мартиновски– предметен наставник по физичко образование
Напишете коментар