Цел:
Да се подигне свеста кај учениците за препознавање, спречување и искоренување на насилното однесување во рамките на училиштето, но и надвор од него.
Целна група: Ученици од 6б
Време на реализација: ноември
Учениците за време на работилницата сами го дефинираа насилството – што подразбираат тие под насилство – ( повеќе ученици се изјаснија дека тоа е тепање, малтретирање-физички и психички, навреди, кавга, лошо однесување).
Го дефиниравме насилството според Светската Здравстевна организација а потоа се запознаа со облиците на насилство (физичко и психичко), како и кои се причините за насилно однесување во училиштето и каде и кога се случува насилното однесување.
Кај учениците се подигна свеста дека не треба да го применуваат насилството како начин за справување со некои конфликтни ситуации а со тоа и целта на овој проект беше остварена со надеж дека во иднина ќе се намалува насилното однесување во училиштето и надвор од него.
Одговорен наставник
Лидија Ристовска Атанасова
Напишете коментар