е-пошта:

Телефон: 02 2770 719

О.O.У. Партенија Зографски

Работилница по повод Денот на наставникот

Цел: да се подигне свеста за улогата на наставниците во обезбедување квалитетно образование, како и за улогата која ја имаат во животите на нивните ученици, како едукатори, мотиватори и важен дел од нивниот развој.

Активности: Изработка на честитки за сите наставници во училиштето

Учесници: 6б одделение

Време на реализација: Октомври

На часот по животни вештини беше покрената дискусија за профилот на еден наставник, како и за неговата улога во секојдневниот живот на учениците, каде беше посочено дека добриот наставникот може да направи големи позитивни промени со љубовта кон професијата и учениците.

Учениците изработија честитки за сите наставници во училиштето, стручна служба и за директорот и истите ги поделија поединечно.

Одговорен наставник Лидија Ристовска Атанасова

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *