Кој се лути, кому му пречи и како да се спречи
На ден 04.12.2023г, по повод Меѓународниот ден на лица со попреченост, специјалниот едукатор Ивана Бисовска, одделенските наставнички Весна Т. Унковска и Билјана Бурчевска заедно со ОА одржаа работилница со учениците од II-а насловена како „Кој се лути, кому му пречи и како да се спречи“, а насочена кон сензорните потешкотии кои се јавуваат кај децата.
Низ игровна презентација адаптирана на возраста на децата, учениците се запознаваат со најчестите сензорни потешкотии, но и сензорни потреби кои се јавуваат кај децата (скокање, лулање, вртење, тактилна потреби како играње со топки со боцки, меки играчки, тврди играчки, слајм, пластелин)
На крајот од работилницата ОА им го претставува на учениците начинот на изработка на сензорни шишиња и ги дели во групи. Во насока на означување на денот на лицата со попреченост, се изработуваат 4 вида на сензорни шишиња-пролет, лето, есен и зима поврзувајќи ги разликите меѓу годишните времиња со разликите помеѓу луѓето и помеѓу попреченостите.
Напишете коментар