На ден 29.02.2024г во просториите на нашето училиште се одржа заедничка работилница насловена како „Биди хуман-подари мартинка“ во која учество земаа специјалниот едукатор и рехабилитатор Ивана Бисовска, училишниот педагог Марина Г. Крстевски со учениците од ООУ “Партенија Зографски“ и ученици од ОУРЦ „др. Златан Сремец“ заедно со специјалните едукатори и рехабилитатори Александра В. Чанаковска и Ана Јанушевска.
Во знак на одбележување на меѓународниот ден на лицата со ретки болести учениците заеднички изработуваа мартинки од кои дел беа подарени на учениците од ОУРЦ „др.Златан Сремец“, а останатите мартинки ќе бидат дел од хуманитарната акција за помош на Леонид Индов.
На крајот од работилницата нашите ученици им подарија честитки на своите другари од ОУРЦ „др. Златан Сремец“ со искрени желби за уште многу вакви успешни соработки.
Напишете коментар