По повод финализирање на проектот ” Вештини за адолесценција кој е поддржан од МОН ,агенцијата за развој на образованието и Lions Quest се одржа работилница на тема “ Моите емоции имаат боја ” во која покрај наставниците задолжени за реализација на истата присуствуваше и дефектологот Ивана Бисовска. На 13.05.2022 во спортското игралиште Титан учениците од 7а имаа можност за креативно изразување и активно вклучување во целиот процес. Целта на работилниците е да се развие пријатна атмосфера,кооперативно однесување,прифаќање на различностите и успешно решавање на сите предизвици кои доаѓаат во периодот на адолесценција.
На 19.05.2022 гувернерката Весна Пацаноска лично им додели сертификати на учениците и наставниците,посакувајќи им многу успех во понатамошното образование.
Одговорни наставници:
Милица Миноска
Ребека Андреева
Ивана Бисовска
Напишете коментар