Наставни содржини:
- Линија на симтерија
- Разликува симетрични и несиметрични фигури
- Број на симетрични линии на 2Д форми
Стандарди и оценување:
- Препознава линија на симетрија на фотографии од предмети кои се симетрични,фотографии на објекти во природата.
- Разликува симетрични и несиметрични 2Д форми
- Го наоѓа бројот на линии на симетрија кај рамностран триаголник,квадрат,петаголник,шестаголник,седуаголник,осумаголник,десетаголник и дванаесетаголник.
Активности:
- Учениците добиваат фотофрафии на кои треба да ја препознаат симетријата и линијата на симетрија;
- Учениците цртаат осносиметрични предмети
- Учениците одредуваат осна симетрија на 2Д форми,на букви од азбуката,на одредени броеви
- Учениците работат во парови. Секој пар добива правилни и неправилни многуаголници и други 2Д форми исечени од хартија и треба да ги превиткуваат за да создадат линија на симетрија.
- Учениците поделени во парови добиваат ливчиња со нацртани 2Д форми и задача да напишат колку линии на симетрија има секоја од дадените 2Д-форми
Каратктеристики на активностите:
- Фокусирани се на учениците
- Придонесуваат за постигнување на резултатите од учењето/стандардите (не се цел за себе)
- Се базираат на искуствено учење
- Главно се разликуваат според пристапот во стекнување и обработка на информациите-учење од дадени информации,учење преку решавање проблеми
Следење на напредокот:
- Усни одговори на прашања во дискусија
- Придонес во групните активности
- Придонес во изведување на заклучоци
- Одговори на квиз
- Писмено одговарање на прашања
- Линија на симтерија 23.11.2022
- Разликува симетрични и несиметрични фигури 24.11.2022
- Број на симетрични линии на 2Д форми 25.11.2022
Реализатори: Учесници:
Катерина Н.Младеновска IVа и IVб
Милица Миноска
Напишете коментар