По повод Денот на гладта 16 октомври и Недела на борба против гладта (16-22 октомври), под мотото „ПОМИСЛЕТЕ И НА НАС” Црвен крст – Кисела Вода во соработка со ООУ “ Партенија Зографски ” – спроведе кампања за помош на најсиромашните наши сограѓани.
Светскиот ден на храната – 16 октромври, е ден на акција посветен на справување со гладта. Целта е да се подигне свеста на луѓето за проблемот со гладта, како и за достигнувањата на милиони луѓе кои веќе го надминале проблемот со гладта и ги задоволуваат основните потреби. Светскиот ден има за цел да ги инспирира луѓето во развиените и земјите во развој да ја покажат својата солидарност и да дадат поддршка за да овозможат уште многу луѓе да го надминат проблемот со гладта и сиромаштијата и да станат независни. Фокусот на денот е дека храната е основно човечко право. Организацијата за храна и агрикултура при Обидинетите нации проценува дека во светот повеќе од 820 милиони луѓе живеат со хроничен глад, 60% жени и речиси пет милиони деца под петгодишна возраст умираат поради хронична ненахранетост.
Сето ова е причина повеќе, барем повремено да помислиме и да направиме нешто за оние на кои им треба подадена рака за будење на надеж дека не се сами, дека некој мисли на нив. Барем за миг да ја вратиме насмевката на нивните тажни лица.
Со поддршка кон кампањата традиционално се вклучи и ООУ “ Партенија Зографски ” – Кисела. Акцијата беше прифатена и поддржана од страна на сите класни и одделенски раководители и истата спроведена по строги протоколи поради заштита од COVID19.
Од средствата донирани во акцијата ќе се изготват пакети со храна кои ќе бидат дистрибуирани на социјално ранливо население.
По завршувањето на акцијата и сумирањето на резултатите ООЦК –Кисела Вода изготви извештај преку кој ООУ “ Партенија Зографски ” беше пофалено за спроведена најдобра акција на ниво на Општина Кисела вода и во прилог испрати извештај и благодарница.
Одговорни наставници: Директор:
Милица Миноска Мартин Мартиновски
Ребека Андреева
Соња Богатиновска
Напишете коментар