Почитувани,
Ни претставува задоволство, да ве информираме дека во нашето OОУ „Партенија Зографски“ -Кисела Вода, на 21.04.2021 година, се одржа отворен ден по граѓанско образование на тема ,,Социјалните медиуми и Сајбер насилство”. Овој настан се одржа онлајн, како и сите активности претходно кои беа поврзани со него, заради здравствената криза со ковид 19.
На реализацијата на овој ден му претходеа низа на активности на учениците од 9 и 8 одделение. Се одржаа седум работилници во изминатиот период, кои беа посветени на анализа на причините и последиците од појавата на Сајбер насилството во училиштатата и образовниот процес. Учениците подготвија со помош на стручната служба анкета и извршија истражување за состојбата со сајбер насилството конкретно во нашето училиште.
Како резултат на дискусиите на работилниците и реализираната анкета произлезе и иницијативата за поканување на гостин на Отворениот ден од Дирекцијата за заштита на лични податоци, кој подетално ги информираше учениците за сите аспекти во врска со оваа појава.
Во реализацијата на овој ден беа вклучени како што рековме учениците од 9 и 8 одделение, Училишниот парламент, Клубот по Граѓанско образование.
За успешноста на овој настан, истакнуваме голема благодарност до стручната служба на училиштето (психологот и педагогот) и директорот кои многу ни помогнаа со нивната целосна вклученост и посветеност во реализацијата на активностите.
Наставник по Граѓанско образование
Сретен Рогов
Напишете коментар