Нa 23.01.2024г. специјалниот едукатор и рехабилитатор Ивана Бисовска одржа работилница со учениците од V-б одделение, а со цел сензибилизирање на учениците за постоењето на различни семејства, припадност во нив и прифаќање на разликите
Работилницата беше насочена кон разговор за различните видови на семејство, деца без родителска грижа и деца од самохрани семејства. Со учениците се дискутираше за еднаквоста на сите деца без разлика на структурата на семејство од која доаѓаат и поттекнуваат, како и за благодарноста за нашиот топол дом и семејство која сите ние треба да ја имаме, независно од тоа дали нашето семејство е составено од биолошки родители и деца, старатели/згрижувачи или пак самохрано семејство.
На крајот учениците изработуваа цртежи од себе и членовите на своето семејство на кои ги запишаа активностите кои им се омилени да ги прават во своето семејство.
Напишете коментар