е-пошта:

Телефон: 02 2770 719

О.O.У. Партенија Зографски

Работилници на тема „Образование за мир“

ООУ„Партенија Зографски“ потпиша меморандум со невладината организација HWPL (Heavenly Culture World Peace Restoration of Light) која е дел од UN организациите и која има за цел да го промовира образованието за мир.

Во училиштето ќе бидат спроведени повеќе од 12 работилници со дел од учениците од седмо одделение во текот на две учебни години.

Работен јазик на овие работилници е англискиот јазик, материјалите кои ќе бидат потребни за реализација на истите ќе бидат обезбедени од страна на на невладината огранизација HWPL, а учениците ќе добијат сертификати по завршувањето на проектот.

Овој проект ќе ни даде можност за остварување соработка на меѓународно ниво, каде учениците ќе се стекнат со знаење и вештини за промоција на мирот како основа за градење на едно здраво општество, каде предрасудите на било кој основ ќе станат минато.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *