е-пошта:

Телефон: 02 2770 719

О.O.У. Партенија Зографски

Работилница по повод Светски ден на детето

 

На ден 20.11.2023 по повод светскиот ден на детето, специјалниот едукатор и рехабилитатор Ивана Бисовска, одделенските наставнички Билјана Бурчевска и Весна Т. Унковска и ОА одржаа работлница со учениците од II-а на тема права и обврски на детето.

Преку дискусија, учениците повторуваа што се и кои се нивните права, а следствено на тоа кои се нивните обврски. Во дискусијата се користеа примери од секојдневниот живот, правата во училиштето, во домот и во дружбата со врсниците. На разговорот се надоврза и темата за децата со посебни образовни потреби, нивните права и обврски кои се исти и еднакви со правата на сите деца.

ОА со помош на визуелни картички им презентираше на децата конкретни права и обврски пропишани од релевантни институции. Потоа, децата се поделија во групи и на секоја група и се поделија по два балони во различна боја на кои треба да напишат по едно право и една обврска.

На крајот, на хамер на кој се претставени две деца симболично претставувајќи ги правата од една страна и обврските од друга, се лепат балоните во разни бои.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *