На 30.01.2024г специјалниот едукатор и рехабилитатор Ивана Бисовска и училишниот психолог Јасмина Дечков одржаа работилница со учениците од I-а насловена „Андреј и мачето“. Имено, работилницата е дел од прирачникот „Почитување на различности и мултикултурализам во раниот детски развој“ издадена од Министерството за труд и социјална политика, а насочена кон другарување, прифаќање на различностите, одбивање на предрасудите и различните емоции кои можат да се појават како резултат на отфрлање и неприфаќање во детските групи
.
Напишете коментар