е-пошта:

Телефон: 02 2770 719

О.O.У. Партенија Зографски

Извештај од реализирано предавање на тема „Трговија со луѓе”

По повод одбележување на 18ти Октомври – Европски ден на борба против трговија со луѓе,во просториите на ООУ “ Партенија Зографски” се реализираше едукативо предавање на тема “Трговија со луѓе” со учениците од деветто одделение.

Превентивните лекции имаат за цел подигнување на свеста кај младите,препознавање на начините преку кои можат да бидат вовлечени во трговијата со луѓе и нивната самозаштита.

 

Трговијата со луѓе е сериозен општествен проблем и претставува најтешка форма на кршење на основните човекови права-правото на живот,право на слободно движење,право на слобода на избор и други права и слободи. Трговијата со луѓе е проблем кој бара заеднички пристап за негово сузбивање и вложување на заеднички напори од соодветните релевантни институции.

Едукациите беа реализирана од страна на обучен врснички едукатор Магдалена Бојковска.

                                                                                        Одговорни наставници:

                                                                                                Милица Миноска

                                                                                                Ребека Андреева

                                                                                             Анета Петковска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *