е-пошта:

Телефон: 02 2770 719

О.O.У. Партенија Зографски

Работилница на тема Превенција на насилно однесување во училиштето

Цел:

Да се подигне свеста кај учениците за препознавање, спречување и искоренување на насилното однесување во рамките на училиштето, но и надвор од него.

Целна група: Ученици од 6б

Време на реализација: ноември

Учениците за време на работилницата сами го дефинираа насилството – што подразбираат тие под насилство – ( повеќе ученици се  изјаснија дека тоа е тепање, малтретирање-физички и психички, навреди, кавга, лошо однесување).

Го дефиниравме насилството според Светската Здравстевна организација а потоа се запознаа со облиците на насилство (физичко и психичко), како и кои се причините за насилно однесување во училиштето и каде и кога  се случува насилното однесување.

Кај учениците се подигна свеста дека не треба да го применуваат насилството како начин за справување со некои конфликтни ситуации а со тоа и целта на овој проект беше остварена со надеж дека во иднина ќе се намалува  насилното однесување  во училиштето и надвор од него.

Одговорен наставник

Лидија Ристовска Атанасова

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *