Мотив: Градење соработка на релација родител-наставник-ученик за подобрување на атмосферата во училницата.
Целта на овој проект е да се развијат длабоки врски помеѓу родителите,учениците и наставниците додека се промовира вредноста на вклученост на родителите во училницата. Сакајќи да ги подобриме образовните искуства и да ги продлабочиме знаењата на четвртооделениците изложувајќи ги на различен тип на кариери,истовремено нагласувајќи ја важноста на образованието,посветеноста и мотивацијата.
Интеграција: За да се запознаат учениците поблиску со повеќе професии, за време на реализација на темата :Стопански дејности по предметот историја и општество,родителите превземаат улога на наставник,секој објаснувајќи им ја својата професија во рамките на нивната возраст.
Наставниците секојдневно укажуваат на вредноста на посветеното и континуираното учење во постигнивањето на нечии цели. Родителите споделуваат лични искуства со поставување цели,надминување на пречките и остварување на своите соништа.
Учениците имаат можност да учествуваат активно и да црпат искуство како и да се запознаат со посветеноста потребна за успех во различни полиња и придобивките од истрајноста кои се главни теми на дискусија на часот.
Предавањата се реализираа во училишните простории а предавачи беа:
Елена Мучева Михајловска, Доктор по економски науки при УКИМ, финансиски аналитичар и банкар
Дејан Здравковски –Машински факултет,магистер,доктор на науки.
Бојан Ваневски – Адвокат,магистер
Катерина Гавранска-Инспектор во МВР
Наставниците поттикнуваат поддржувачка и позитивна средина за учење за да ги инспирирааѕ учениците да напредуваат во нивните училшни задачи и да ги следат своите амбиции и цели.
Оваа проектна активност со мото “ Подобрување на атмосферата во училницата ” ја нагласува важноста на знаењето,посветеноста и мотивацијата со цел да се поттикне колаборативна средина за учење преку вклучување на родителите. Наша заедничка цел е да се ги мотивираме и поттикнеме учениците од четврто одделение да ги остварат своите амбиции и да поставиме цврста основа за нивните идни определби.
Предавањата се организираа во договор со родителите а учениците од IVа и IVб имаа можност да ги видат родителите во улога на наставник.
Одговорни наставници:
Катерина Н. Младеновска
Милица Миноска
Напишете коментар