е-пошта:

Телефон: 02 2770 719

О.O.У. Партенија Зографски

Посета на фабриката ,,Свисслион“ -Скопје

Според програмата за работа за трето одделени предвидува посета на фабрика, , погон или некој друг стопански објект.Бидејќи во близина на нашето училиште има фабрика за производство на кондиторски производи,,Свисслион,,,се одлучивме да ја посетиме. Учениците од IIIа и IIIб со претходно известување и согласност од страна на родителите. Превозот на учениците до фабриката беше организиран од страна на училиштето.

Со учениците од трето одделение тргнавме во посета на фабриката за кондиторски производи,,Свисслион,, Кога пристигнавме во објектот бевме љубезно пречекани од страна на вработените.Потоа не поделија во две групи  и секоја група имаше водич кој ги запозна учениците со објектот.Уште во подготовките за посета разговаравме на тема како да се однесуваме во фабриката, да не ги допираме машините бидејќи е опасно,да бидеме дисциплинирани и тивки за да го чуеме главниот работник-технолог кој ќе ни  објасни .

И на крајот да поставиме прашања кои не интересираат за фабриката.

При посета на фабриката учениците ги видоа производствените погони и поставија доста конструктивни прашања, а потоа изработивме заеднички презентација за посетата во фабриката.

Поминавме еден прекрасен ден во дружење и запознавање со процесот на преработка, производство и пакување на здрави производи од фабриката за кондиторски производи ,,Свисслион,,-Скопје

 

Цел:запознавање со производство,преработка и пакување на кондиторските производи

Актив на трето одделение:

Ајша Оскакач

Жанета Ј.Ѓоргиевска

Сузана Никушевска

Јасмина Стефаноска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *