е-пошта:

Телефон: 02 2770 719

О.O.У. Партенија Зографски

Реализирана работилница на тема „Моите емоции имаат боја”

Емоциите влијаат и се составен дел од факторите кои се повразани со взаемни дејства врз сите области на детското живеење: училишното постигнување, социјалните релации,сликата за себе,самодовербата итн. Секое третирање на детските емоции, кои по природа се многу силни и интензивни,влијае врз начинот на кој детето ќе ги изразува своите емоции. Освен родителите или лицата кои се грижат за детето и наставниците се во ситуации кои можат да бидат многу тешки и непредвидливи и во кои треба да се справуваат со детските емоции.
Затоа многу е важно наставниците да имаат основни познавања, но исто така и да негуваат и развиваат осетливост за детските емоции и однесувања кои се последица од нив –лутина,бес,страв итн.
Има многу начини,игри,работилници со кои се поттикнуваат учениците да ги изразат своите емоции но и да ги прифатат емоциите на своите врсници-глума,пишување на дневник,глина,пластелин,боја…

Целта на работилницата беше да ги поттикне учесниците да ги истражат своите емоции и да ги изразат на креативен начин преку уметничко изразување со бои. Преку серија на активности, се целеше развивање на свесноста за емоциите, подобрување на меѓусебната комуникација и поддршка на самоизразувањето.

Во текот на работилницата, учениците имаа можност да изберат боја со која ќе ги намачкаат рацете и потоа да ја пренесат на маиците. Секој ученик донесе по една бела маица на која соучениците ги запишуваа своите имиња.Запишувањето на името на маицата не само што го персонализираше овој дел од уметничката креација, туку и ги поттикна учесниците да се почувствуваат дел од процесот и да ги поседуваат своите творби. На крајот од работилницата, учесниците ги зедоа своите маици како усмено сведоштво за нивното учество и креативност.

 

На оваа работилница учествуваа сите ученици од IIIб а истата ја реализираа двете наставнички Милица Миноска и Билјана Бурчевска заедно со дефектологот Ивана Бисовска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *