Претставници од здружението Стоп СМА реализираа едукативна работилница со учениците од четврто одделение во просториите на училиштето на 27.02.2023. Посетата започна со кусо претсавување како и доближување до целите за
Здружението и неговото постоење како што се:
Заштита на правото на живот на лицата со Спинална Мускулна Атрофија (СМА);
Остварување на правото на здравствена нега и заштита на лицата со СМА;
Пристап и лекување на лицата со СМА со иновативни терапии и лекови;
Остварување на правото на лекување во странство на лицата со СМА;
Право на пристап до асистивни уреди и справи за лицата со СМА;
Остварување на правата од социјалната заштита на лицата со СМА;
Промоција и остварување на правото на инклузија во редовното образование за лицата со СМА и други лица со попречености;
Остварување на правото на персонални асистенти.
Учениците со внимание го следеа излагањето на одговорните лица кое беше приспособено на нивната возраст. Имаа можност да ги искажат и своите знаења од досегашните предавања и со тоа активно да се вклучат во дискусија.
Напишете коментар